Тачи: Приштина го продолжува дијалогот со Белград

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави денеска за време на состанокот со делегацијата од ЕП за југоисточна Европа дека Приштина ќе го продолжи дијалогот со Белград, како и дека ќе ја зајакне борбата против корупцијата и организираниот криминал. 

Тачи истакна дека 2016 година е европска година за Косово и силна основа за државата, што покрај останатото, придонесе за усвојување и спроведување на Спогодбата за стабилизација и придружување, јави сајтот РТК, пренесува танјуг.
Тој истакна дека најголем успех бил исполнувањето на сите услови за либерализација на визите и вети дека Косово ќе ги исполни и останатите услови за тоа, како што се формирање на Заедница на општини со српско мнозинство и ратификација на демаркацијата на границата со Црна Гора. 

– Ова се позитивни денови за Косово и што се однесува на зачленувањето на нашата држава во УЕФА и ФИФА, бидејќи се случуваат важни чекори за европската иднина и интеграција на Косово во сите меѓународни институции, наведе Тачи. 

На состанокот со делегацијата на ЕП за југоисточна Европа, на чело со пратеникот Тонино Пицула, се разговараше за петте земји членки на ЕУ кои не го признаа Косово, а Тачи рече дека Косово на тие земји, им дава дополнителни аргументи да го направат тоа.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ