Компанијата Ен-Би-Си, славната комичарка Елен Де Џенерес и актерката Дру Баримур подготвуваат нов проект под наслов „Први љубовни средби“.
Реалното шоу ќе се базира на концепт кој веќе постои во Велика Британија и ќе се состои во следење на двојките на нивната прва љубовна средба.
Шоуто ќе прикажува луѓе на различни возрасти и со различно потекло на нивните вистински први љубовни среби кои ќе се одвиваат во иста вечер, пишува „Вараети“.
На крајот на секоја епизода ќе се дознава кои учесници во шоуто ќе сака да излезат на втора средба, а кои би сакале да ја испробаат среќата за прв љубовен состанок со друга личност.
Ен-Би-Си веќе распиша конкурс за учесници во шоуто, а сите заинтересирани можат да се пријават на официјална веб страна на компанијата.
Дру Баримур во шоуто ќе биде во улога на наратор кој ќе ги претставува двојките и нивните љубовни доживувања.
Шоуто ќе има само осум епизоди во првата сезона, а снимањето ќе почне во јули.