Канал 103 слави 25 години постоење

Од:

По повод 25 години постоење скопската радио-станица Канал 103 в сабота организира музички фестивал на три сцени во Младинскиот културен центар во Скопје.

Како што најавуваат организаторите, на фестивалот ќе настапат повеќе бендови, артисти и диџеи од македонската независна музичка сцена, а централно место ќе има легендарниот американски/британски бенд „Psychic TV“.

Во галерискиот простор на МКЦ ќе биде отворена изложбата „25 години Канал 103“ поставена од академскиот сликар Атанас Ботев, со која се истражува историјата на македонскиот рокенрол во контекст на 25-годишното постоење на Канал 103, како два клучни (суб)културни патокази во современата македонска историја.

Би можело да ве интересира

„Стотројка“ ќе го слави роденденот со концерт на американските легенди „Psychic TV.“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во МРТ – обезбедувањето упадна во програмата на 103-ка

Емир Латифовиќ