20:10 Заврши протестот на движењето „Протестирам“.
19:39 Положено цвеќе на споменикот на паднатите борци.
19:29 Протестантите се во Жена паркот.
19:26 На Триумфалната порта испишан зборот „Слобода“.
19:13 Повторно се фрла со боја кон Триумфалната порта, еден од објектите на кој се потрошени милионски суми народни пари.
19:06 „Смрт за фашизмот слобода за народот“.
19:00 Неколку илјади Албанци протестираат во паркот во Чаир, како што најавија за да го изразат незадоволството од нивниот третман во државата.
Тие ќе маршираат низ Скопје, крајната дестинација на протестот ќе биде пред Владата, каде ќе прочитаат декларацијата на протестот и ќе се обратат претставници од Опозицискиот совет на Албанците кои го организира протестот.
На протестот се веат албански знамиња, а на разглас се скандира „Али предавник“ и „Демократија“.
Организаторите најавија дека со овој протест се дава подршка на СЈО.
Протестот е мирен и под силно полициско обезбедување.
18:48 Демонстрантите се движат кон Собрание.
18:33 Се скандира „Антифашизам“ и „Во борба, во борба“ пред СЈО.
18:30 Протестот е против фашистичките елементи во општеството.
18:05 Голем број на граѓани се собраa пред Специјалното јавно обвинителство да ја искаже својата поддршка на институцијата.
Граѓаните како и претходните денови бараат оставка на Иванов и повлекување на аболицијата, бараат и одложување на изборите на закажани за 5-ти јуни.