Руската фабрика за сладоледи Славица, одлучи ова лето да ги разлади односите меѓу Русија и САД со сладолед – Малиот Обама.
Млечниот сладолед со чоколаден прелив Обамка, како што се вика на руски јазик, е спакуван во амбалажа со цртеж на насмеан млад Африканец со обетка на увото и сладолед во рака.
– Името на сладоледот треба лесно да се памти. Сите кои имаат фантазија може да имаат различни асоцијации. Овој производ е наменет за деца и далеку е од политика, се вели во соопштение од фабриката.
Фабриката е во сибирскиот град Краснојарск кој минатиот месец „влезе во вестите“ откако беше отворено кафуле посветено на Путин и во кое гостите може да користат тоалетна хартија со принт од лик на Обама.