ФСП: Одложувањето на предвремените парламентарни избори – уште еден пораз на ВМРО ДПМНЕ

Од:

„Форумот на слободоумни партиоти констатира дека одложувањето на предвремените парламентарни избори е уште еден во низата порази на корумпираната врхушка која го има узурпирано ВМРО ДПМНЕ. После овој пораз веќе немаат кредибилитет и легитимитет да водат куќен совет, а не партија или држава.

Притоа упатуваме јасна порака дека нема да дозволиме никој да се крие позади четирите свети букви и да продолжи да манипулира и да го злоупотребува членството, како и да ја става партијата заложник на аболицирани криминалци. Доста беше криење, време е да се преземе одговорност за злоделата кои се правени, не смееме да дозволиме корумпирани и аболицирани личности да го водат ВМРО и да зборуваат во негово име.

Сакаме да и испратиме ултиматум на врхушката во рок од 10 (десет) дена да се повлече и да овозможи да се организира вонреден партиски Конгрес на кој ќе биде избрано ново раководство кое ќе биде составено од чесни и искрени вмровци верни на идеологијата. Доколку и понатаму се кријат и бегаат од одговорност ние ќе почнеме да собираме потписи и да го организираме членството, а се во насока на одржување на вонреден партиски Конгрес и избор на ново раководство“, соопштуваат од Форумот на слободоумни партиоти.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска