Демонстрантите, денешниот протест против корупцијата и аболицијата од Иванов, го продолжија пред Антикорупциска која ја обоија во боите на Шарената револуција. Демонстрантите со отворени чадори пред полицискиот кордон, ги штитеа полицајците од бојата која леташе кон Антикорупциската комисија.
Боењето на Антикорупциската комисија беше поради тоа што оваа институција со години нема покренато ниту една постапка за актуелните функционери на власт, туку ги штити и затскрива коруциските активности.