Пораст од 7,5 отсто на продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар во октомври во однос на лани истиот месец, регистрираше статистика.
Најголеми зголемувања се бележат кај снабдувањето со електрична енергија 21,1 отсто, кокс и рафинирани нафтени производи 7 проценти.
Повисоки цени се регистрирани и во производството на прехрамбени производи 4,8 отсто, облеката 3,8 и кај пијалоците од 1,8 отсто.