Како дел од ова што го нарекуваме жртви на Тодоров говорам за мојот татко, како полициски службеник кој 35 години од животот дал за службата. Неговите здравствени проблеми се должат во голема мерка на недостаток на нега во болницата на Водњанска, зградата на смртта. Јас како сороспија и како што не нарекуваат предавници соросоиди денеска ќе барам помош од моите сограѓани кои се на улица, бидејќи од друго место помош нема, истакна пред демонстрантите активистката Јасмина Голубовска.
Таа потсети дека минатиот 5 мај, полицијата шутирала, и дека и таа, дете на нивниот колега била шутирана.
– Три месеци се соочува со здравствени проблеми, има ампутирана нога, а лежи во нечист кревет, со бубашваби. Цела недела му оставале храна покрај ампутираната нога. Сега е во приватна болница, во која паќам 11 илјади евра за лекување. 6 илјади исплатив, другите немам да ги платам. Би сакала овие лица да ги снема од нивните фотељи и татко ми да добие нега каква што заслужува, истакна Голубовска.
– Јас денеска ќе зборувам и за мојот татко, кој целиот свој живот работел во полиција. Го однесовме во болницата на Водњанска, во зградите на смртта. После операцијата, докторите ми рекоа да го земам дома, што значеше дека ќе умре. Го однесовме во приватна клиника, каде сега го лечат и од она што не бил болен, од она што го фатил во болница, рече Голубовска.
Таа истакна дека ќе дојде правдата за сите досегашни жртви на власта.
– Ќе дојде момент кога ќе влезам во оваа зграда позади, и јас а и сите овие луѓе. Тогаш, вие ќе треба да ја чувате демократијата, рече Голубовска обраќајќи и се на полицијата.
Обраќајќи се кон братот на Мартин Нешковски, кажа дека ако треба ќе протестираат уште десет години, но ќе се изборат за правдата за Мартин.