20:40 Фотографии пред Влада од Никола Груевски и Гордана Јанкуловска, врз кои граѓаните напишаа „Убијци“, „Пробавте да сокриете убиство“.
20:26 Демонстрантите пристигнаа пред Владата на Република Македонија.
19:52 Со црвена боја изборен цел плоштад, со пораки дека не е заборавено убиството на Мартин Нешковски и дека нема да биде простено. На плоштадот пишува „Убијци“, „Правда за Мартин, слобода за сите!“, „Крвта не е боја!“, „Убијци, убивте дете!“.
19:46 Транспарент од зградата на плоштад на кој пишува „Стоп на режимската бруталност“ и „Крвта не се крие“.
19:44 Граѓаните тргнаа на плоштадот Македонија каде што беше убиен Мартин Нешковски.
19:38 Голубовска: Додека сум жива ќе се борам секој криминалец да си ја добие заслужената казна.
19:23 360-те илјади евра кои денеска во герила акција граѓаните му ги фрлаа на градоначалникот на Битола Владимир Талевски, на прес конференција, се фрлаа и вечерва на протестот во Скопје.
19:12 Пред Собрание се пуштаат „бомби“ за смртта на Мартин Нешковски.
19:11 Граѓаните носат фотографии со ликот на Мартин Нешковски на кои пишува: Кој е следниот?
19:10 Црвено знаме за тие што криеја убиство.
19:03 Колоната поминува покрај Министертвото за правда кое во два наврати беше обоено во духот на „Шарената револуција“.
18:54 Протестниот марш се движи кон Собранието.
18:50 Демонстрантите го почнаа протестниот марш со транспарент „Пробавте да сокриете убиство“, по повод 5-годишнината од убиството на Нешковски и една година од објавувањетона „бомбата“ на СДСМ за Мартин. Поворката ја води Александар Нешковски, брат на убиениот Мартин.
18:36 „Колку уништени семејства има поради вашите сендвичи???“
18:30 Поранешниот европратеник во Македонија Ерван Фуере е и вечерва на протестот пред СЈО.
18:10 Голем број на граѓани се собраa пред Специјалното јавно обвинителство да ја искаже својата поддршка на институцијата.
Граѓаните како и претходните денови бараат оставка на Иванов и повлекување на аболицијата, бараат и одложување на изборите на закажани за 5-ти јуни.