Илјадници револтирани граѓани кои веќе трета недела низ скопските улици се дел од „Шарената револуција“, откако пред седиштето на ДИК им понудија кабаници на полицајците за да се заштитат од боја, ја обоија зградата на институцијата која ги спроведува изборите.
Демонстрантите порачаа „Нема избори без прочистен Избирачки список“. Пред зградата се пуштаа снимки од „бомбите“ на Заев во кои, според опозицијата, се слуша како политичари од власта зборуваат за нерегуларности во Избирачкиот список.
Тие овојпат со димни завеси се штитеа од како што велат, камерите на Чавков.