Хрватска и Бугарија го поддржуваат проширувањето на ЕУ со сите земји од Западен Балкан

Од:

Хрватска и Бугарија го поддржуваат проширувањето на Европска унија со сите земји од Западен Балкан, но тие држави треба да ги исполнат неопходните критериуми, изјавија денеска во Загреб хрватскиот и бугарскиот министер за надворешни работи Миро Ковач и Даниел Митов.

– Согласни сме со политиката на проширување, го поздравуваме проширувањето и сакаме да исчезне црната дупка на европските карти и нашите југоисточни соседи еден ден да бидат интегрирани во ЕУ, но се разбира треба да ги почитуваат критериумите и да ги исполнат стандардите, изјави Ковач по средбата со Митов, кој е во дводневна официјална посета на Хрватска.

Митов одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија ја поддржува хрватската блокада за отворање на поглавјето 23 од преговорите на Србија со ЕУ, тој посочи дека „проширувањето на ЕУ е многу важно“ и оти неговата земја ќе продолжи со поддршката, јави БТА. 

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ