Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на индонезискиот остров Суматра, соопшти Геофизичката служба на САД.
Епицентарот на земјотресот бил на 55 килилометри од градот Котабуми, на 290 километри северозападно од Џакарта и на длабочина од 131 километар.
Нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.