Една од јакните, која ја носеше американскиот пејач Принс во филмот „Purple Rain“, ќе се најде на аукциска продажба следниот месец во Лос Анџелес, соопшти куќата „Профајлс ин хистори“.
Јакната на музичарот, кој ненадејно почина на 21 април во својот дом во Минеаполис, ќе биде ставена на продажба на 29 јуни со почетна цена од 6.000 долари.
Повеќе од 150 кино сали во САД одлучија два дена по смртта на Принс да го прикажуваат филмот „Purple Rain“, во кој тој ја игра главната улога и доби Оскар за истоимената оригинална песна, која се смета за негов најголем хит.