Во Кичево попладнево се одржаа два протесни собири. Едниот во организација на граѓанското движење “Протестирам”, а другиот во организација на ГДОМ.
Протестот на „Протестирам“ под мотото “Нема правда нема мир” започна од градскиот плоштад по булеварот и заврши пред зградата на основниот суд во Кичево.
Собирот се одвиваше во оганизација на ГДОМ под мотото “Избори”. Учесниците во овој протест тргнаа од плоштадот и дефилираа по улица Рудничка потоа низ булеварот и завршија на градскиот плоштад. Треба да се истакне дека двата протесни собири кои речиси се одржуваа во исто време помина мирно и без никаков инцидент.