Студентката Ивана Туфекџиќ, членка на Студентски пленум, зборуваше вечерва пред граѓаните кои собрани пред Собранието на РМ го изразуват револтот од постапките на актуелната власт и бараат нејзина смена.
– Сега ќе им се обратам на оние кои што пијат кафе, не се замараат со политика, и бараат карти за еден правец надвор од земјава. Нели ви е доста? За сите жртви на режимот, за студентите кои што живеат во мизерни домови, родилките кои умираат и уапсените активисти? Мирни ли сте кога Иванов помилува криминалци, а во затвор се лежи за украдени ќебапи? Кога неправдата ќе затропа и на вашите врати кафето ќе ви биде горчливо. Овде на улица не се бориме за власт, се бориме за правда, за демократија, за уапсените, обесправените – рече Туфекџиќ.