Споровите околу Јужното Кинеско Море доведоа до спротиставено групирање на државите на АСЕАН

Од:

 Минатонеделниот договор за стратешка соработка меѓу Виетнам и Филипините официјален Пекинг го протолкува како чекор за поддршка на „политиката за мешање во туѓи работи’’ од страна на САД, а кинеската дипломатија побара и доби јавна поддршка за својата политика од страна на Камбоџа, Лаос и Брунеи.

Со тоа отворено се искажаа несогласувањата меѓу десетте држави од југоисточна Азија, кои во рамките на АСЕАН туку што го започнаа процесот на создавање на заедница слична на Европската Унија.

Поделбата на држави што ја поддржуваат Кина во нејзиниот став дека таа има речиси целосен суверенитет над Јужното Кинеско Море и тие што бараат поделба на таа сувереност со другите држави, според аналитичарите, е голем камен на сопнување во настојувањата на АСЕАН во наредните 10 години да создадат Заедница во која над 650 милиони жители на регионот ќе живеат без сегашните државни граници и ограничувањата на слободно движење во југоисточна Азија.

Според влијателниот сингапурски Стрејт Тајмс, висок функционер на Секретаријатот на АСЕАН изјавил дека и Русија се вклучила во оценувањето на споровите околу сувереноста над Јужно Кинеско Море. Москва го поддржува кинескиот став дека проблемите околу сувереноста со Кина билатерално да ги решаваат Виетнам, Филипините, Малезија и Брунеј, без мешање од страна.

Русија е незадоволна и од одлуката на САД според која бродови и авиони на Пацифичката флота ќе ги прдружуваат филипинските и виетнамските бродови, за да се докаже универзалното право на слободна пловидба.

Во јуни, по тужби на Филипините и Виетнам за спорниот суверенитет ќе расправа и Меѓународниот суд во Хаг. Кина не отстапува од ставот дека овој Суд не е надлежен за решавање на спорот.

Бидејки АСЕАН ги носи своите одлуки со консензус, во февруари на Самитот на АСЕАН не беше усвоена Декларацијата за Јужното Кинеско Море, со која требаше да се осуди кинескиот став за целосна сувереност. Тоагаш АСЕАН со посебно соопштение изрази загриженост за состојбите во регионот предизвикани од соровите за сувереност над морето.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања