Одлучувачка средба на лидерите на двете заедници на Кипар

Од:

Претседателот на Република Кипар Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи денеска повторно ќе се сретнат во обид да постигнат согласност во однос на прашањата, поврзани со управувањето и имотите на двете етнички заедници во рамки на новата држава на островот, пишува весникот „Филелефтерос“.

Извори за весникот изјавија дека денешните разговори ќе бидат показател за следните чекори и политичките процеси во северниот дел на Кипар, контролиран од кипарските Турци.

На последната средба двајцата лидери констатираа напредок во однос на две преговарачки глави, управувањето и имотите. Од сличностите во нивните позиции ќе зависи и продолжувањето на преговарачкиот процес.

Весникот пишува дека во Парламентот во Северен Кипар почнува дебата за програмата на коалициската влада, која се очекува в среда да добие доверба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ