(ВИДЕО) Македонците во Њујорк: Протестираме против недемократскиот и корумпиран режим во Македонија

Од:

Македонците што живеат и работат во Њујорк по втор пат излегоа заеднички да дадат поддршка на барањата на движењето Протестирам и на Шарената револуција.

„Го изразивме нашето демократско право и нашата силна поддршка и солидарност со масовните граѓански протести и Шарената Револуција во Македонија за слобода, правда и еднаквост во Македонија.

Денеска протестиравме против недемократскиот и корумпиран режим во Македонија и против нелегитмната одлука за аболиција на Претседателот.

Истовремено испраќаме порака до политичкиот естаблишмент дека нивното време помина, време е за едуцирани професионалци кои ќе работат за јавен интерес и за иднината на Македонија.

Загрижени сме за долгогодишната политичката криза во Македонија и од диктаторскиот режим на владеење и затоа ја даваме нашата целосна поддршка на работата на Специјалното Јавно Обвинителство, како и на граѓанскиот отпор и на сите барања на граѓанското движење #Протестирам.

Се обоивме шарено за да ја поддржиме Шарената револуција која е спас и темел за една нова, здрава, правична, шарена, мултиетничка, и просперитетна Македонија.

Ние во Њујорк се приклучуваме во шарената револуција во Македонија! Доста ни е од сивилото на власта, време е за бои и демократски промени, слободна, демократска и европска Република Македонија!

#Протестирам за подобра Македонија, за владеење на правото, за независно судство, за слободни медиуми, за демократска власт, за толеранција на различностите, за граѓанско општество со право на избор!“, пишуваат Македонците кои живеат во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ