21:13 Протестот на движењето ГДОМ за поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заврши пред Собранието.
21:02 Заврши протестот против одлуката на Ѓорге Иванов да аболицира поранешни и актуелни политичари. Илјадниците демонстранти кои без ниту еден автобус се собираат на протест повторно истакнаа дека нема да прекинат со протестите се додека Иванов не ја повлече аболицијата и не си даде неотповиклива оставка.
20:56 Александар Пандов од движењето ГДОМ повика Уставниот суд времено да ги забрани активностите на невладиниот сектор.
20:51 Стотина автобуси од цела Македонија се паркирани долж булеварот Партизански одреди, кои донесоа контрадемонстранти за протестот на движењето ГДОМ, кое ја поддржува владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за денешниот протест пред македонското Собрание.
20:37 Огромно македонско знаме се пушти врз Порта Македонија
20:36 Нема да дозволиме некој да ја руши Македонија и тука сме да ја браниме, рече кајакарот Атанас Николовски од протестот на ГДОМ.
20:35 #Шарената Револуција пред Влада
Граѓанското движење „Протестирам“ остава отпечатови од дланки намачкани со боја пред Владата.
Протест се уште трае, пред Владата се собрани илјадници граѓани кои бараат оставка од претседателот Иванов, одложување на изборите на 5. јули и враќање на демократијата.
20:28 Тони Михајловски: Да им покажеме дека и ние сме народ, дека ја сакаме оваа земја и ако треба да ја браниме, се ќе правиме, па дури и сопствените животи да ги положиме, оти Македонија тоа не е збор, тоа не се само букви, тоа е крвта на нашите дедовци, тоа сме ние и нашите деца. За нив сме спремни да се собереме за секого и за Македонија засекогаш.
20:20 Кофи со боја завршија пред објектот на Владата, во име на т.н. „Шарена револуција“ против одлуките за помилување на претседателот Иванов.
20:06 Се фрла со боја кон Владата
20:00 Демонстрантите стигнаа пред Влада
19:49 Откако не беа пуштени да се движат понатаму на крстосницата кај ЕУ-инфо центарот и Министерството за образование, демонстрантите се вратија назад и се упатија кон Владата.
19:36 Автобуси од цела Македонија за контрапротестот на ГДОМ.
19:20 Граѓаните организирани од движењето ГДОМ од пред „Веро Џамбо“ донесени со автобуси од сите градови низ Македонија тргнаа кон Собранието.
19:03 „Шарената револуција“ е сопрена кај ЕУ инфо центарот. граѓаните извикуваат „Лопови, Лопови“.
18:57 Групата граѓани од пред СЈО во овој момент тргна ЕУ инфо центарот, но и кај зградата „Нова Македонија“ има кордон полиција.
Граѓаните извикуваат „Нема правда, нема мир“.
Од 19 часот, пак, пред Собранието на Македонија е закажан контра протест во организација на ГДОМ. Таму е поставена бина и се очекуваат неколку говорници.
18:47 Движењето ГДОМ, кое ја поддржува владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се подготвува за денешниот протест пред македонското Собрание, најавен како „Народот се буди“.
18:46 Сите улици околу Специјалното Јавно Обвинителство се блокирани од припадниците на МВР.
Затоа неизвесно останува каква ќе биде рутата на граѓанското движење Протестирам“.
18:38 Голем број на транспаренти во сите бои, симбол на т.н. Шарена револуција можат да се видат на протестите кои почнаа пред Специјалното јавно обвинителство.
Илјадници граѓани се собрани пред СЈО за да го искажат својот револт од одлуките за аболиција на Иванов.
#протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/L4arxoTq5g
— krpach (@krpach) April 21, 2016
18:26 Скопјани масовно излегоа на протестза поддршка на СЈО и против аболицијата на Иванов.
Масовно доаѓаат луѓе од сите страни.
18:23 Сите приоди кон Собранието се блокирани за граѓанското движење #Протестирам. Високо присуство на полициски сили има спроти трговскиот центар Рамстор, кај ЕУ инфо центарот и кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.
Контрапротестот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) ќе се одржи во 19 часот пред Собранието, за кој со автобуси и уцени се носат луѓе од сите градови во Македонија.
18:17 Се поставува метална ограда кај паркот Жена Борец спроти собрание каде вечерва во 19 часот се закажани контрапротести на граѓанската иницијатива ГДОМ, која бара повлекување на одлуките за аболиција на Заев и на Верушевски и одржување избори на 5 јуни.
18:09 Зурли и тапани пред СЈО
18:00 ДС: Санкции за политичарите, не за народот
По најавите за воведување на санкции за државно политичкиот врв, но и за државата, од стана на ЕУ, Демократскиот сојуз апелира до ЕУ: санкциите да бидат само према корумпираните политичари кои по име и презиме ги аболицираше (помилуваше) Ѓорге Иванов и тоа за тешки кривични дела и кршење на правата на граѓаните.
Граѓаните на Македонија без разлика на партиска, етничка или верска припадност, се на нозе, протестираат за правда и владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите.
Граѓаните се за европските вредности и немојте за тоа да ги казнувате.
ДС инсистира на повлекување на аболицијата и одлагање на изборите, како основа за разрешување на кризата.
17:40 Видно засилено полициско обезбедување околу Специјалното Јавно Обвинителство, за каде се закажани протести вечерва.
17:30 Во 19 часот пред Собранието закажани се контрапротести на граѓанската иницијатива ГДОМ, која бара повлекување на одлуките за аболиција на Заев и на Верушевски и одржување избори на 5 јуни.