Кина планира создавање на азиски блок за слободна трговија

Од:

Кинеските власти овој месец ќе почнат разговори за создавање на азиски блок за слободна трговија, кој би опфаќал 28 проценти од светскиот бруто домашен производ и би претставувал одговор на создавањето на американското Транспацифичко партнерство (ТПП), кое ја исклучува Кина, изјави јужнокорејскиот министер за трговија Таехо Барк.

Регионалното сеопфатно економско партнерство или РЦЕП, би се состоело од десет држави-членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и уште шест земји, Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд.

Покренувањето на преговорите формално би било објавено на самитот на АСЕАН во Пном Пен, кон крајот на овој месец, со цел да се постигне договор за намалување на трговските бариери до крајот на 2015 година.

ТПП го лансираше администрацијата на американскиот претседател Барак Обама со цел да се укинат традиционалните трговски бариери и да се создаде основа за поедноставување на трговијата меѓу САД и десет земји од регионот.

– Организираме трговска размена со земјите без Кина, со цел Кина да почне да чувствува притисок за исполнување на основните меѓународни стандарди, изјави претседателот Обама во текот на предизборната дебата со противкандидатот Мит Ромни пред три недели.

Јужно корејскиот министер на предавање организирано од Центарот за трговија и економска интеграција во Женева истакна дека РЦЕП настанал од првобитниот план да се лансираат трилатерални трговски разговори меѓу Кина, Јапонија и Јужна Кореја.  – Некои земји од АСЕАН, загрижени поради трилатералната иницијатива, побараа создавање на поширок договор, додаде Барк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски