Косовската Влада досега не презеде никакви конкретни чекори за изработка на статутот на Заедницата на српските општини во Косово, објави денеска приштинскиот весник „Зери“.
Претставник на косовската Влада во изјава за весникот нагласил дека во план е формирање на комитет за изработка на статутот на задницата, но дека тоа засега не е приоритет.
– Во моментов најважно е целосна примена на одлуката на Уставниот суд во врска со ова прашања, изјавил истиот извор за „Зери“.
Весникот наведува дека создавањето на Заедницата на српските општини е предвидено со Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина, но потсетува и дека косовската Влада е под силен притисок на опозицијата која се противи на нејзиното формирање.