Работници денеска ја чистат Триумфалната порта во центарот на Скопје, откако демонстрантите синоќа ја гаѓаа со боја, а испишаа и графит „Грабеж“.
Откако на демонстрантите, не им беше дозволено да протестираат пред Собранието, тие фрлаа со боја кон портата, која е дел од контроверзниот проект Скопје 2014, по што го продолжија протестот пред владата.
Изминативе три дена во Скопје, но и во други градови низ земјава се случуваат масовни протести со барања Иванов да ја повлече аболицијата.