Силен земјотрес го погоди Мјанмар

Од:

Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот дел на Мјанмар, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на земјотресот бил на сто километри во насока на север-северозапад од градот Моунјоа, на длабочина од 135 километри.

Земјотресот е почувствуван во источниот индиски град Гувахати. 

Според германскиот Центар за геофизички истражувања земјотресот бил со интензитет од 7,1 степен.

Засега нема податови за жртви или уривања.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во близина на Закинтос

Земјотрес во Далмација

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

Земјотресот од Албанија ја стресе и Македонија

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија