Феникс отвора прва аутлет книжарница

Од:

Во книжарницата на „Феникс“ кај Универзална сала утре ќе биде отворена прва аутлет книжарница во Македонија, во која над десет илјади книги од сите македонски издавачи ќе се продаваат по просечна цена од 100 до 200 денари.

– Целта е на едно место да може да се набават изданијата од сите македонски издавачи и тоа по популарни цени и со најголеми попусти досега. Всушност, презентацијата и продажбата со саемски цени да трае во текот на целата година. Во аутлет книжарницата редовно ќе се одржуваат и промоции, трибини, средби со автори, конференции за печат за културни настани, информира „Феникс“.

На отворањето на аутлет книжарницата ќе присустуваат повеќе автори, а ќе се обратат писателите Јордан Плевнеш и Александар Прокопиев.

Би можело да ве интересира

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ЈЕТА, нов роман од Ивана Трајаноска во Или-Или

„Матица“ го објави „Замир“ – силен роман на Хакан Ѓундај што веднаш влезе и во „Априлско разлистување“

Почина сликарот Илија Пенушлиски