Што е различно од ова што го имаме сега, а ќе се случува кога здружената опозиција на чело со СДСМ ќе дојде на власт? По следните избори, кога и да ги има, ќе има одговорна власт. Одговорна власт е само онаа која дозволува да биде контролирана самата. Ние немаме проблем со законите. Законите помалку или повеќе се во ред, вели Стево Пендаровски, носител на столбот „Партнерства за демократска Македонија“.
Ние имаме проблем со почитување на законите, односно со тоа што законите важат за некој, не важат за други.
Значи, со минимална измена во законската рамка идната влада ќе дозволи да биде контролирана.
Тоа значи прво дека Собранието нема да биде само удирач на печатот, нема да минува секоја одлука која доаѓа од владата, тоа значи дека медиумите ќе бидат слободни, тоа значи дека не смее да помисли некој да се јави на судија и да му диктира пресуда.
Тој што ќе се дрзне да го прави тоа, самиот ќе лежи затвор. Значи нема да има селективна правда и нема да има прошка и милост за никој, па ако сака нека биде претседател, премиер, министер, било што.
10 години владеат и бидејќи правдата е селективна , нив не ги качи и ниту еден функционер не е во затвор од нивните. Ниту еден.
Невозможно е да се такви светци кога видовме што правеле, веројатно и сеуште прават преку проектот Вистината за Македонија”. Значи крадење на големо, 10 години милијарди украдоа, ниеден не е виновен.
Значи да заклучам. Следната власт има да ја почитува Република Македонија и секој нејзин граѓанин со тоа што ќе дозволи да биде критикувана во медиумите, што ќе дозволи дебата во парламентот, што ќе дозволи слободен граѓански сектор.
Нема новата влада да биде сабја, нема да биде газда, нема да биде контролор на се живо што мрда и живее во оваа земја, туку секој сегмент ќе си работи како што сака да си работи. И критика ќе трпи и ќе влегува во дебата со сите. Нема да бегате од дуели 10 години. Само така оваа земја и овој народ може да оди напред.