Од 1. мај почнува проектот „Улични музичари и артисти“ во Скопје

Од:

Проектот „Улични музичари и артисти“ ќе се одржи шести пат, од 1 мај до 30 октомври 2016 година во централото градско подрачје, на плоштадите „Мајка Тереза“, „ВМРО“, „Македонија“, „Филип Втори“ и во Градскиот трговски центар. Организатор е „Конгресен центар Александар Македонски“ Скопје, со поддршка од Град Скопје.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти Вера Бошковска, директорка на „Конгресен центар Александар Македонски“. Според неа, целта на овој проект е културно заживување на централното градско подрачје преку урбаната култура.

– Ќе учествуваат уличните музичари и артисти кои се пријавија на јавниот повик, а во него ќе се вклучат и националните установи на Република Македонија, културните институции на Град Скопје, Музичката академија, како и средните и основните училишта од Скопје, рече Бошковска, која додаде дека програмата е наменета за граѓаните и туристите, во претстојниот пролетен и летен период.

Таа информира дека во рамки на проектот ќе се одржат 140 настани, во соработка со музички групи од сите генерации и различни контексти, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика, од хип хоп, ди џеј сесии на електронска амбиентална музика до современа алтернативна, поп и рок музика.

– Детската програма ќе се изведува како утринска сесија, а во попладневните и во вечерни часови со соодветна часовна координација, во програмата влегуваат разни театарски и музички перформанси, изведувачи на класична музика, како и вечерни видео и филмски проекции. Граѓаните секојдневно ќе можат да присуствуваат на некој настан, а неделно ќе бидат информирани за програмските содржини, истакна Бошковска.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски

Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом