Нова нудистичка инсталација на Спенсер Таник – „Sea Of Hull“

Од:

Уметникот Спенсер Таник одлучи својот следен проект да го изведе во британската престолнина на културата за 2017 година.

Во Кингстон на Хал, во англиската  грофовија Источен Јоркшир, на 9 јули ќе се соберат голем број нудисти кои ќе позираат за новите фотографии на Таник.

Организаторите се надеваат дека по овој повод на едно место ќе се соберат стотици голи луѓе, пишува Би-Би-Си.

_88983275_lyonafpgetty

Во проектот можат да учествуваат сите лица постари од 18 години. Телата на учесниците ќе бидат прекриени со соодветни бои, а нудистите ќе бидат распоредени во различни апстрактни форми.

Таник до сега ширум светот создал повеќе од 90 слични инсталации, од кои најпознати се оние во Монтреал, Мексико, Сиднеј и Минхен.

Новиот проект ќе го носи името „Sea Of Hull“.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска