Над 60 проценти од Чесите не сакаат бегалци во земјата

Од:

Според 61 процент од Чесите, нивната земја не треба воопшто да прима бегалци од земјите во кои има војни, покажува најновата анкета на Центарот за истражување на јавното мислење (ЦИЈМ).

Нецела една третина од анкетираните, како што јави дописникот на МИА од Прага, сметаат дека на бегалците треба да им се пружи гостопримство, но само привремено, со цел подоцна да им се помогне да се вратат дома.

Само една третина од Чесите мислат дека треба да бидат примени мигранти, кои би останале да живеат во Чешка.

– Чешката јавност очекува, странците да се трудат што може повеќе да се прилагодат на чешката култура и долго време ги сметаат како сериозен безбедносен ризик, се вели во анализата на ЦИЈМ.

Дути 82 проценти од Чесите ги сметаат бегалците како „опасност за безбедноста“, а уште е поголем бројот на оние кои оценуваат дека тие се ризик и во европски, па дури и во светски рамки.

За најголема опасност, анкетираните ја сметаат Исламската држава (ИД).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ