Јавен повик за учество на годинешниот „БИТФЕСТ“

Од:

Општина Битола објави јавен повик за учество во програмата на годинешното битолско културно лето „БИТФЕСТ-2016“.

Предлагачи на програмски содржини може да бидат институции, здруженија на граѓани, неформални групи и поединци кои ќе понудат идеи од областа на музичко сценска уметност, ликовна уметност, театар, видео, фото и филмска уметност, потоа литература, фолклор и нови уметности.

– Повикот ќе биде отворен до 3 мај и до тогаш очекуваме со пополнета апликација секој иницијатор на програмски настан истиот кусо да го образложи за да потоа биде селектиран. Очекуваме и оваа година голем интерес за учество на „БИТФЕСТ“ и пријавувања како од институциите со локален и национален предзнак, така и од бројните здруженија на граѓани, но и поединци, информираат од општина Битола.

Според востановената традиција, во рамки на „БИТФЕСТ“ ќе се одржат и големите интернационални анифестации како што се „Битола Шекспир фестивал“, „Илинденски денови“ и други.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Каролина Гочева вечерва почнува Битолското културно лето

Ана Ололовска

Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Ана Ололовска

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Ана Ололовска

Незаборавно добро издание на „Незаборав“

Ана Ололовска

Концерт на рускиот вокален ансамбал „Чајка“

Наум Локоски

Бит фест: Фолклорната група „Селенце“ и оркестарот „Фокош“ на плоштадот Магнолија

Ана Ололовска