Gmail воведе ново предупредување

Од:

Google одлучи да ја подобри безбедноста на Gmail со нова најава која му укажува на корисникот дека е цел на хакери кои работат за државата.

Иако таквите хакерски напади погодуваат само 0,1 отсто од корисниците на Gmail, Google воведе предупредување кое ќе се прикаже преку целиот екран ако дојде до тоа, јави Енгаџгет. Тоа предупредување исто така содржи упатства за тоа како и понатаму да се продолжи со заштита.

Ова е уште едно од низата обиди на Google да ја зголеми безбедноста на неговата популарна меил услуга. Во февруари воведен е симбол на црвен катанец кој ги предупредува примателите на електронската пошта на потенцијалните штетни пораки.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска