ВИДЕО: Годишнина од смртта на Ататурк

Од:

По повод 74-годишнината од смртта на основачот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, турскиот државен врв предводен од претседателот Абдулах Ѓул денеска го посети мавзолејот на Ататурк во Анкара.

Ѓул положи венец во мавзолејот точно во 9:05 часот, кога Ататурк починал, а оддадена му е почит со двеминутно молчење.

Турските знамиња ширум земјата денеска до заоѓање на сонцето ќе бидат спуштени на половина копје.

Во делегацијата која го посети мавзолејот, освен Ѓул, се наоѓаа и претседателот на турскиот Парламент Џемил Чичек, началникот на Генералштабот на турската војска Неџдет Озел, вицепремиерите Булент Аринч и Бекир Боздаг, министри во Владата, претставници на политички партии и државни институции.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски