„Плејбој“ ја испитува можмоста за продавање на целата компанија

Од:

 Управата на „Плејбој“ и на истоименото „списание за возрасни“ ја испитуваат можноста за продажба на целата компанија.

Според њујоршкиот весник „Вол Стрит Џорнал“ империјата на Хју Хафнер, создадена пред 63 години, со појавувањето на списанието, се проценува на повеќе од 500 милиони долари.

Најавите за продажба, доаѓа по одлуката на „Плејбој“ на своите страници, првпат по повеќе децении да престане со објавување на фотографии на голи и разголени девојки.

Образложението на менаџментот за оваа одлука беше дека „соголувањето“ претставува застарена работа.

Сегашниот тираж на списанието изнесува половина милион примероци, што е малку во споредба со рекордот од 5,6 милиони продадени примероци во 1975 година.

По укинувањето на „соголувањето“ драстично е намален бројот на редовните претплатници, а намален е и процентот на реклами на страниците.

Во јануари оваа година, за продавање беше огласена и приватната куќа на Хефнер, која е позната по својата екстраваганција, па експерти за недвижен имот, предвидуваат таа ќе постигне рекордно висока цена.

Хју Хефнер го создаде „Плејбој“ во 1953 година, а во првиот број, како „личност“ на месецот се појави Мерилин Монро.

Подоцна освен ширењето на соголувањето на неговите страници, компанијата забрзано се развиваше создавајќи свои препознатливи ноќни клубови ресторани, низ САД и светот.

Веќе длабоко остарениот Хефнер сега тврди дека тој и неговото списание помогнале за инструирањето на сексуалната револуција во шеесетите и седумдесетите години на 20 век.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ