Ракометниот клуб Вардар повторно ќе им овозможи на своите навивачи дружба со ракометарките и ракометарите од таборот на македонскиот шампион.
– Сите љубители на ракометот и поддржувачи на „црвено-црните“ ќе имаат можност да се запознаат со нашите играчи, да поразговараат со нив, да им постават прашање и секако, да се фотографираат и да добијат автограми. Вардар подготви и посебно изненадување за сите кои имаат ракометни афинитети. Натпреварувајте се, постигнете гол и добијте вредни награди и многу повеќе, стои во повикот од РК Вардар.
Настанот ќе се случи утре од 12:30 до 13:30 часот, на плоштад „Македонија”.
Целата дружба ќе претставува заедничко загревање за најавениот спектакл, натпреварот против Висла Плоцк в сабота во 18 часот, на кој ракометарите на Вардар ќе атакуваат на победа и пласман во четвртфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите.