Во 13 часот и 14 минути датумот и времето ќе покажуваат 10/11/12/13/14, односно ќе биде 10-ти ден во 11-тиот месец во 2012 година. За ваквата ситуација нумеролозите велат дека има големо значење.
Поради тоа многу парови закажуваат венчавка токму на вакви датуми, а до екстремност одат и некои бремени жени кои сакаат детето да го родат на ваков „среќен датум“. Да речеме дека детето ќе се роди на 10-ти ноември, во еден час по полноќ. Тоа во својот датум и време на раѓање ќе го има двапати борјот 101, кој е доста значаен во нумерологијата.
Скептиците не се сложуваат со тврдењата дека нечија судбина се одредува со датум или број.