Асад: Ердоган се смета за калиф

Од:

Турскиот премиер се смета за калиф и за нов османлиски султан и на Сирија гледа со очите на колонизатор, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за руската телевизија на англиски јазик „Раша тудеј“.

Во интервјуто, цитирано од турската приватна телевизија НТВ, Асад упатува остри критики кон турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој е еден од најжестоките критичари на режимот во Дамаск. Според сирискиот претседател, турскиот народ сака да има добри односи со народот на Сирија, но владата на Ердоган тоа го попречува.

– Ердоган смета дека ќе си ја гарантира политичката иднина доколку Муслиманско братство го преземе управувањето во регионот и посебно во Сирија. Друга причина против Сирија може да е тоа што тој се гледа како новиот османлиски султан. Во својот внатрешен свет тој се доживува како калиф. Од овие две причини Ердоган премина од политиката на нулта проблеми кон политиката на нулта пријатели – изјави Башар ал Асад. Сирискиот претседател, исто така, кажа дека не верува дека може да дојде до војна меѓу Сирија и Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски