Романија: Обвинителите побараа 25 години казна затвор за Јон Фичор

Од:

Романските обвинители побараа 25 години казна затвор за Јон Фичор, поранешниот командант на комунистичкиот затвор, под обвинение за злосторства против човештвото, пренесува БТА.

Фичор е вториот началник на затвор од времето на комунизмот, против кого е започнат процес во врска со смртта на многу затвореници.

Првото слично дело беше против Александру Вишинеску, поранешниот командант на затворот во Ромнику Сарат, кој минатиот месец беше осуден на 20-годишна казна затвор.

Јон Фичор е обвинет за смртта на 103 лица во работниот логор Периправа, со кој раководел од 1958-1963 година.

Обвинителите побараа 25-годишна казна затвор за Фичор (88), земајќи ја предвид неговата возраст, како што прецизираат, бидејќи обвиненија како неговото предвидуваат доживотна казна затвор.

На прашањето, дали се кае за стореното, Фичор одговорил со потсмев „не“, пишува ромскиот весник „Гандул“..

Повеќе од 600.000 Романци беа осудени од политички причини за време на комунистичкиот режим меѓу 1945 и 1989 година, покажуваат податоците од музејот на жртвите на кумунизмот „Сигету Мармациеј“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски