Европската Комисија со реакција на одлуката на Уставниот суд, на претседателот на државата да му го врати правото да помилува осомничени и осудени лица за изборен криминал. Неказнивоста е неприфатлив, објави Дојче веле.
– Вонредните парламентарни избори, како што е предвидено во Договорот од Пржино, се клучен чекор во реформскиот процес кој треба да ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес и да ја извлече земјата од политичката криза. Очекуваме да се избегнува секој потег кој би бил спротивен на оваа цел. Секоја сугестија за неказнивност во однос на дела поврзани со изборите ќе биде во спротивност на напорите инвестирани од земјата и од меѓународната заедница кон овозможување услови за веродостојни избори и враќање на довербата на граѓаните во изборниот процес, вели портпаролката на комесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, Маја Коцијанчич за ДВ.
Таа истакнува дека евентуалната одлука на Иванов да ги помилува обвинетите за изборни манипулации ќе биде и во спротивност со улогата на Специјалното обвинителство.