Млади Кинезинки на социјалните мрежи покренаа нова бизарна мода на фотографирање со листа хартија со димензија А4 со цел да покажат колку тенок струк имаат.
Целата на овие фотографии е да покажат дека нивниот струк има иста ширина, како и помалата страна од лист на хартија со димензија А4.
Кон ова бизарно „движење“ покренато на страницата Веибо, кинески еквивалент на Твитер, досега се приклучија околу 10.000 девојки од цела Кина.
Листа хартијата А4 е долга 29,7 сантиметри, а широка само 21 сантиметар.
Познато е дека Кинезинките се поситна градба, но дури и за голем дел од нив овие димензии претставуваат недостижен идеал и промовираат нездрав однос према сопственото тело.
Ова не е прва бизарна мода што се појавува во Кина. Неодамна група девојки на социјалните мрежи покренаа тренд на допирање на папокот со рака од позади грбот, за да докажат колку ослабеле. Тогаш се појави и тероријата дека доготрајното гледање во Сонце помога за слабеење.