Доколку ви изгледа дека постојано привлекувате погрешни мажи, свесни сте колку тоа може да биде фрустрирачки. Сепак постои можност да го пронајдете вистинскиот и да го задржите.
Сите ние сме во потрага по својата сродна душа, Без разлика дали верувате во постоењето сродни души, следуваат неколку совети како да го пронајдете мажот, кој најмногу ви одговара.
1. Карактерот е важен
Ова е мошне едноставно, мажите сакаат жени со кои ќе можат да се смеат. Среќата е заразна, а мажите се привлечени од жени со едноставен и опуштен став кон животот. Можете да бидете најубавата жена во градот, но убавина без карактер не значи ништо. Освен тоа мошне е важно да бидете сигурни во себе. Мажите сакаат жените со самодоверба и со став. И најважно од се е да бидете свои, бидејќи над се, мажите најмногу сакаат природни и спонтани жени, кои не се срамат од својот карактер.
2. Внимавајте на себе
Се вели дека љубовта е во окото на набљудувачот, но тоа не значи дека не треба да водите грижа за сопственото тело. Можеби сте жена со просечен изглед, но со доволно самодоверба ќе изгледате подобро и од најубавите жени во просторијата. Зошто? Затоа што жените со самодоверба зрачат со посебна аура, која на луѓетo им порачува дека не им е грижа за туѓото мислење. Работата е во тоа вие самите да знаете колку вредите и да не ви биде потребно туѓото признание. Но факт е дека ако добро изгледате однадвор, исто така ќе чувствувате и поголема самодоверба. Значи внимавајте на здравјето и бидете во форма, водете грижа за својата коса, за кожата и ноктите. Морате малку да се потрудите за да имате убаво тело и убаво да изгледате.
3. Бидете самостојни
Нема ништо полошо од жени, кои се зависни и опседнати со своите партнери. Не си дозволувајте ама баш никогаш да не можете да живеете без својот партнер, бидејќи тоа не е во ред. Мора да имате сопствен живот, пријатели и активности, кои не го вклучуваат вашиот партнер. Исто така не дозволувајте секогаш прво вие да го контактирате, дајте му шанса да му недостасувате.
4. Љубовта пред се
За врската да успее пред се мора да постои вистинска љубов, која е неопходна. Без вистинска љубов се останато паѓа во вода. Вистинската љубов е безусловна и необврзувачка. Затоа доколку сакате да имате долга и квалитетна врска, сакај те го својот партнер и пружај те му љубов секој ден. Запомнете, доколку сакате да примите љубов концентирајте се на она што можете да го дадете, а не на она што сакате да го примите.
5. Интелегенција
Не мора да бидете натпросечно интелегентни, но не се однесувајте глупаво и мудро користете ја својата глава. Важно е со мажот да се поврзете на сите нивоа. Читајте книги и истражувајте интересни работи, за да му покажете дека сте заинтересирани за различни работи.
6. Однесувајте се мистериозно
Мистериозноста во мали дози е потребна доколку сакате да ја разбудите неговата фантазија. Не им се отварајте веднаш на мажите, потребно е одредено време за добро да запознате некоја личност, за да сфатите дали таа навистина заслужува место во вашиот живот. На мажите не би требало веднаш да им ја раскажете својата животна приказна, туку секогаш да оставите неколку „страници од книгата“ за подоцна. Мажите сакаат да бидат со жени кои ги изненадуваат, затоа оставете неколку асови во ракавот за подоцна. Бидете сензуални, но во умерени количини. Поради тоа ќе ве сака повеќе.
7. Самите на себе бидете си на прво место
Наместо постојано да трошите енергија на пронаоѓање на мажот од своите соништа, пробајте повеќе да се посветите на самите себе си. Не бидете очајни поради тоа што не сте ја пронашле својата половина, бидејќи кога ќе дојде вистинското време за тоа ќе го пронајдете. Дотогаш уживајте во предностите на животот без партнер. Имајте предвид дека смислата на другата половина не е да го обои вашиот свет, туку боите да ги направи уште поживи.
8. Верувајте
За се што ни се случува постои некоја одредена причина. Иако моментално можеби не ви изгледа така, верувајте дека се има своја причина, и доброто и лошото. Поради тоа без оглед на се верувајте во подобра иднина и верувајте дека некаде на овој свет постои вистински маж за вас, кој ќе ве сака токму онака како што заслужувате. Верувајте дека еден ден ќе го пронајдете (доколку се уште не сте го пронашле).