Уставен одлучува за помилување на изборните криминалци

Од:

Уставниот суд на Македонија решава по експресна постапка за иницијативата за измени на Законот за помилување. Речиси е извесно декана претседателот на државата ќе му се даде право му да помилува лица и за изборни нерегуларности и други кривични дела.

Поради оваа иницијатива во текот на вчерашниот ден на улиците на главниот град се одржаа два протести на приврзаници на опозицијата и позицијата.

Синоќа, неколку илјади граѓани протестираа против одлуката на Уставниот суд да помилува изборни криминали.

ГРОМ на Стевчо Јакимовски, подржан од членови на ВМРО-ДПМНЕ и администрацијата, организираше контрапротест и го запоседна платото пред Уставен суд.

Изутринава нови групи членови на ВМРО-ДПМНЕ од повеќе градови пристигнаа пред Уставниот суд кој денеска одлучува за Иницијативата за измени во Законот за помилување ВМРО-ДПМНЕ организираше автобуси и се праќаа пораки до членовите и администрацијата дека треба да се дојде во Скопје.

Инаку оваа иницијатива ја поднесе охридски адвокат, брзо откако Катица Јанева обвини неколку поранешни владини функционери за изборни измами.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска