Сите што имаат привремени договори, а работат во скопските училишта и градинки, цел ден се под уцена-да одат пред Уставниот суд или нема да добијат никогаш решение. Тие за А1он велат дека притисокот и заканите траат уште од синоќа, да излезат пред Уставниот суд и да протестираат на контрапротест, а на удар се најмногу тие што немаат вработување на неопределено време.
А1он и синоќа објави пораки кои се праќаат до членови на ВМРО-ДПМНЕ за да се соберат пред платото на МОБ и да одат на контрапротест. Иако наводно, сето ова го организира партијата на Стевче Јакимовски која има освоено само еден пратенички мандат во Собранието, се појасно е дека зад контрапротестот со целата логитика стои ВМРО-ДПМНЕ. Токму од оваа партија трае цел ден притисокот врз администрацијата да излезе и да го поддржи Стевче Јакимовски.
Сите тие заедно, ќе ги бранат уставните судии кои сакаат да овозможат амнестија за изборни криминали и за педофилија.