Стевче Јакимовски со дел од вработените од Општината Карпош го опколија целиот простор околу Уставен суд, на местото каде што граѓанската платформа АЈДЕ најави дека вечерва ќе организира протест и ќе бдее цела ноќ.
Дополително постојано се носат вработени во администрацијата и членство на ВМРО-ДПМНЕ.
Јакимовски во одбрана на Уставниот суд, на истото место постави шатори, буквално блокирајќи ги сите влезови до Уставниот суд иако маршрутата и местото за протест пред Уставниот суд веќе се пријавени и најавени во МВР од платформата АЈДЕ.
На протестот на АЈДЕ кој ќе започне од пред Владата на РМ и ќе се движи преку Собрание до Уставен суд се приклучи и опозицијата предводена од СДСМ, ОМ, ПЕИ, ПЕП 21, ДС, ДОМ, ТХП, ФРОДЕМ, ЛЕВИЦА, како и многу невладини организации и граѓани.