Што би направиле ако вашата девојка ве изневерува со друг?
Како што јави Би-Би-Си, со оваа дилема се соочило едно момче кое ја начекало неговата девојка како спие со друг. Иако бил многу возбуден, тој сепак бил присебен и решил неверството да го сними со камера и потоа снимката ја објавил на Интернет.
– Влегов во станот на својата девојка. Нејзината цимерка ме повика и ми рече дека нејој друг спие кај неа во собата, вели на снимката измаменото момче, порачувајќи дека сака да „и го уништи животот“ на девојката.
– О, погледнете, друго момче спие со мојата девојка во кревет. Колку непријатно се чувствувам. Работев по цел ден и ноќ и секогаш ти бев верен. Ти си едно парче од измет и се надевам дека тоа го знаеш. Јас те сакав. Занаеш дека те сакав. порачува видно вознемиреното момче на видеото.
Момчето кое завршило во кревет со неговата девојка, подоцна призна дека не знаел оти таа била во врска.