А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зголемен водостојот на реките Брегалница, Кочанска и Оризарска

by А1он14/03/2016 - 13:46138
Share0

Водостојот на реките Брегалница, Кочанска и Оризарска кои минуваат низ Кочанската котлина се зголемува, и на места се излеани од своите корита.

Добивај вести на вибер

Оризарска река на две места е излеана и тоа под селото Оризари и кај село Грдовци, при што се поплавени дваесетина хектари земјоделски површини.

– Како општински центар за кризи постојано ја следиме состојбата со водостојот на реките. Моментно е излеана и реката Брегалница кај мостот кој го поврзува Облешево со село Теранци. Овој патен правец е во прекин четврти ден, а денеска жителите од Теранци до Облешево се пренесуваа со трактори, изјави Благој Николов, раководител на Центарот за управување со кризи на Кочани.

Две машини на Центарот, истакна Николов, се на терен и работат на расчистување на коритата на Кочанска и Оризарска река.

– Инаку, се уште е во прекин и патниот правец од село Долни Подлог до село Облешево пред Кочанска Река поради прокопаниот коловоз за што е направен канал за одводнување на надојдената атмосверска вода од поплавените површини, вели Николов.

Директорот на Водостопанство Брегалница од Кочани Николчо Гоцев потенцира дека водостојот на Река Брегалница која се влева во акумулацијата Калиманци е зголемен. Дотокот во акумулацијата изнесува 67 метри кубни во секунда. Браната е на прелив со 49 метри кубни вода. Во акумулацијата Градче крај Кочани дотокот изнесува 4,8 метри кубни, а од акумулацијата истекуваат 7 метри кубни вода во секунда.

poplava

Би можело да ве интересира

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Предраг Петровиќ28/11/2025 - 19:20

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:58

Мексико: Поплавите уништија 100.000 домови, десетици се мртви, постои страв од уште една катастрофа

Горан Наумовски15/10/2025 - 08:11

Осум лица загинаа во поројните дождови во делови од Југоисточна Азија

Горан Наумовски27/08/2025 - 14:49

ВИДЕО: Поплавите во Тексас однесоа над 50 жртви, уште се трага по десетици деца

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 08:2006/07/2025 - 11:37

(ВИДЕО) Поплава во Белград, невремето создаде хаос: Автопат под вода, возачите не можат да си го видат патот

Горан Наумовски23/05/2025 - 17:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен