Мажите со пренагласена самодоверба не се привлечни за жените

Од:

Самодовербата е убава карактеристика и кај жените и кај мажите. Но, треба да се знае времето и местото за истакнување на таа карактеристика, бидејќи може да предизвика контра-ефект.

Психолошкото истражување на еден американски Универзитет покажува дека самодовербата може да помогне при запознавањето, но под услов ако не е пренагласена. 

Статистикатата на интернет-страницата за состаноци „OkCupid“ покажува дека мажите со вишок самодоверба помалку ги привлекуваат жените. 

Претераната самодоверба не е карактеристика само кај младите мажи. Таквата се почеста појава се нарекува и феномен „Lake Wobegon“ всушност кога мажот смета дека исклучително е подобар од другите, мисли дека има висока интелегенција или смета дека е над сите.

„OkCupid“ докажува дека преценувањето на сопствените способности луѓето ги користат за да се прикажат попаметни и подобри, а и лажат за изгледот со цел да ги освојат жените.

При истражувањето корисниците биле поделени на две гупи: млади (18-22) и постари корисници (45-55). Поголемата самодоверба била утврдена кај сите старосни граници. Иницијативата за разговор често ја преземале постарите мажи со самодоверба, но и младите жени.

Помладите мажи, кои се поскромни, добиваат повеќе пораки, а тие со помала самодоверба пораките побрзо ги претвораат во подолг разговор.

Се претпоставува дека самодовербата расте со годините. Младите луѓе сакаат да шират слика на самодоверба, но всушност немаат самопотврда во личните резултати, поради што се јавува претерана самодоверба и потреба за докажување. 

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска