Над 1.100 повици за една недела на „Ало докторе“

Од:

Во текот на минатата недела 1.121 пациент побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“. Од 15 сепетември 2014 до вчера на бројот 02/15 123 имало 81.444 повици
Како што информираат од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија.

Најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија, а 25 доктори се достапни за медицински совет.

Би можело да ве интересира

На „Ало докторе“ 1.375 повици за една недела

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ за една недела 1.261 повик

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ досега 145.832 јавувања

Наум Локоски

На „Ало докторе“ за една недела 1.231 повик

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ 1.280 повици изминатата недела

Наум Локоски

Измината недела 1.294 повици на Ало докторе

Наум Локоски