Европската унија до септември ги продолжи санкциите кон поединци во Русија и во Украина поради судирите во Украина, соопшти Брисел.
ЕУ ги продолжи за уште шест месеци рестриктивните мерки против 146 луѓе и 37 компании поради постојаното поткопување и загрозување на териротијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Од листата се отстранети три имиња на лица кои во меѓувреме починале.
На црната листа на ЕУ се наоѓаат рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин, како и министерот за одбрана и неговиот заменик Аркадиј Бахин и Анатолиј Антонов и тајкунот Аркадиј Ротенберг.