Матурантот Душан Вуковиќ од малото српско село Нови Жедник пред неколку дена се реши на храбар чекор.
Имено, тој сними видео со кое својата омилена пејачка, фолк ѕвездата Сандра Африка, ја покани да му биде партнерка на матурската забава на 15 јуни.
– За мене откривањето на Африка беше многу значајно. И по тебе, Сандра, географијата повеќе не ми беше иста. Од сите кривини на твоето тело најмила ми е твојата насмевка.. Имаме многу заедничко, двајцата сакаме да танцуваме, да вдишуваме кислород. Како да сме создадени еден за друг, вели меѓу другото матурантот во видеото со кое го воодушеви регионот.
Иако, речиси никој не очекуваше дека Душан ќе добие позитивен одговор, Сандра сепак се огласи и на изненадување на многумина ја прифати понудата.
– Секако дека го видов видеото. Ми го покажаа пред неколку дена. Матурската забава е на лето, во време кога многу настапувам, но ќе се обидам да ја вклопам во мојот распоред. Ќе облечам долг фустан, се надевам дека ќе се вклопи со неговиот костум. Душан изгледа како добро момче, изјави пејачката, чие вистинското име е Сандра Продановиќ.
Дали ветувањето ќе го оддржи останува да се види, но секако со овој потег таа заработи уште понекоја симпатија.