Малопродажните цени на бензините се зголемуваат од ноќеска на полноќ за три денари, а на дизелот за 2,5 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Според Одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 60 денари, а на Еуродизелот 43,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари и ќе се продава по 32 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 15,69 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период бележи зголемување за 10,7 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот изнесува 56,09 денари или 2 отсто.